Заврши Конкурсот на тема „Липа”, распишан од страна на Друштвото на писателите на Македонија.

На Конкурсот пристигнаа повеќе творби, кои ги разгледуваше тричлената Жири-комисија во состав: Васил Тоциновски (претседател), Југослав Петровски и Пунторие Муча Зиба (членови).
Жири-комисијата едногласно одлучи да ја издвои и награди песната од авторот Стефан Марковски, која е годинашен добитник на наградата за најдобра творба на Меѓународната манифестација “Празник на липите”.

Манифестацијата „Празник на липите” е традиционална, а годинава ќе се одржи на 28.6.2022 година, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, со почеток во 10 часот.

Наградата на авторот Стефан Марковски е во вид на плакета и ќе му биде врачена на свеченоста на манифестацијата „Празник на липите 2022”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.