Охридскиот народен театар в петок, на 15 март во центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ја одигра театарската претстава „Стаклена менажерија“.

Режисер на претставата е Софија Ристевска – Петрушева, а улогите ги толкуваат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски. Преводот го направи Јасмина Петровска, сценографијата е на Михаел Димитровски, а костимографијата на Андреј Ѓеоргиевски. Кореограф на претставата е Кире Миладиноски.

„Стаклена Менажерија” е едно од најинтересните дела на славниот Тенеси Вилијамс. Тој ја отсликува својата автобиографија во односите помеѓу самите ликови во драмата. Доминантната мајка ги измачува своите деца со нејзините константни планови за иднината. Таа не може никако да разбере дека нејзините желби не се желби и на луѓето околу неа.

„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби, вели режисерката Ристевска – Петрушева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.