Американскиот режисер Спајк Ли (62) ќе биде претседател на жирито на годинашниот Филмски фестивал во Кан, што ќе се одржи од 12 до 23 мај, објавија организаторите.

Ли има силна врска со фестивалот бидејќи режисерот во текот на изминатите години во Кан имаше премиера на седум свои филмови.

Изборот на Спајк Ли доаѓа еден ден по бранот критики за номинацијата за Оскарите поради „игнорирањето на работата“ на режисерите и актерите од малцинските групи во САД.

Се очекува на годинешното издание на фестивалот во Кан Спајк Ли да биде награден со Златна палма за целото свое творештво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.