Иницијативата „Култура или фис-култура?“, која започна како револт на струмичките актери по изборот на наставник по физичко за директор на културната установа НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, во чии рамки функционира и струмички театар, на 12 март (петок) најавува и уметничко-протестен перформанс. Тој, како што велат организаторите, би започнал во 12 часот пред платото на културниот центар. Инаку, струмичките актери посочуваат дека ваквата одлука е донесена откако на последниот протест кој беше организиран минатата среда во Скопје, наидоа на затворени врати од страна на ресорното Министерство и Владата.

Перформансот e инициран од решението на Министерството за култура за назначување на некомпететен кадар за генерален директор на НУЦК ‘Антон Панов’-Струмица и игнорантскиот однос на ресорното Министерство во решавањето на овој горлив проблем. Борбата за професионализам и докажување на вистината ја водиме минувајќи низ тежок пат, убедени дека вистината е на наша страна, а културата ни припаѓа нам, на културните дејци“, велат од иницијативата „Култура или фис-кулура?“, која беше поддржана од над 350 културни уметници во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.