Во присуство на претставници на највисокото црковно и државно началство, на културниот, научниот и општествениот живот, несекојдневен музички настан одржа Македонската филхармонија по повод илјадагодишнината на Свештениот Бигорски Манастир.

Филхармонијата изведе концерт на стари македонски изворни композиции, во кои се воспеваат верата и љубовта кон Бога и кон Татковината, подготвеноста на пожртвуваност за нив, како и стремежот кон убавото и возвишеното.

Меѓу присутните гости беше и Архиепископот г. г. Стефан, претседателот Стево Пендаровски, членови на Светиот Синод на МПЦ-ОА, членови од Владата, свештеници, монаси и монахињи, градоначалници, државни службеници, културни, уметнички и научни работници.

На концертот беа изведени македонски изворни композиции, чијашто оркестрација ја подготвија Владимир Димовски и Филип Ивановски, а со диригентската палка раководеше Владимир Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.