Со продолжувањето на зимскиот распуст, Кинотеката реши да ги почести најмладите посетители со уште филмска недела и својата програма КИНО УТРО ја надополни со нови филмски проекции кои се одржаа од 24 до 28 јануари.

Утре на големото платно ќе можете да го погледнете филмот СТЕЛА и Петко.

ТАЈНИОТ ИЗУМ

(The Secret Invention)

ТВ филм за деца

2021, 61 мин., ХД

Сценарио: Билјана Црвенковска

Режија: Дина Дума

Другарите од 5+ стокатницата се загрижени: нешто се случува со Комшо. Мошне е нерасположен, но не сака со никого да разговара за тоа. Тие се обидуваат да дознаат што се случува, а откако ќе откријат дека тој се сели во странство, измислуваат начини како да го задржат Комшо да не замине.

А во меѓувреме, Цвајштајн и Комшо подготвуваат проштално изненадување за другарите. Што е тоа? Тоа е еден фантастичен, неверојатен и секако – ТАЕН изум.

Но, дури и со тајните и неверојатни изуми на генијалецот Цвајштајн нешто може да тргне во погрешен правец, особено ако во целата работа замеша прсти – кој друг ако не бељаџијата Џими.

СТЕЛА

(Stela)

Игран филм, Македонија / Србија / Германија

2020, 90 мин., колор, ДЦП

Режија: Стојан Вујичиќ (Stojan Vujichikj)

Сценарио: Ева Камчевска (Eva Kamchevska)

Улоги: Симеон Мони Дамевски, Дејан Лилиќ, Петар Маниќ, Тони Михајловски, Христина Поповиќ (Simeon Moni Damevski, Dejan Lilikj, Petar Manikj, Toni Mihajlovski, Hristina Popović)

 

СТЕЛА е приказна за едно куче-шарпланинка, едно дете и еден дедо. Откако детето Николa (Петар Маниќ, за прв пат на филм) ќе се обиде да се самоубие поради малтретирањето од врсниците на училиште, изгледа дека никој не ќе може да допре до него. Престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствената која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори. Доволно е неговото постоење и среќна е од неговата близина. Детето ќе почне да се поистоветува со неа, па неговиот глас може да се слушне единствено кога лае. Дедото, кој избегал од луѓето за да живее сам на бачилото, неволно ќе го прифати Никола, но во текот на оваа авантура ќе станат семејство, бегајќи од своето вистинско семејство.

СТЕЛА е прв македонски долгометражен игран филм од детскиот жанр и неговото дејствие се одвива во Македонија (во Скопје, потоа продолжува и во живописниот Галичник), како и во Штутгарт (Германија). СТЕЛА годинава го отвори најголемиот регионален фестивал за детски филмови „КИДС ФЕСТ“.

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 100 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.