Вечерва со претставата „Сестрите Прозорови“ која ќе се игра во предворјето на црквата „Света Софија“ работена според мотиви од текст на Чехов, а во изведба на актерите од Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес, продолжува драмскиот дел од програмата на „Охридско лето“ кое синоќа беше отворено, по посебни протоколи поради епидемијата со ковид-19.

Станува збор за коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев, во кој се третира „Случајот“ на сестрите Прозорови, инспириран од ужасот кој се случувал од 1946 до 1958 година во Алабама, САД.

Улогите во претставата ги толкуваат Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски. Почетокот на претставата е во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, со забелешка дека претставата не е препорачлива за лица помлади од 16 години.

Инаку, фестивалот „Охридско лето“ како најголема културна манифестација ги презема сите безбедносни мерки за здраствена заштита за реализација на годинешнава јубилејна програма.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.