Со проекција на филмот „Хомо“ (19,30) на македонскиот режисер Игор Иванов Изи вечерва во парк „Форум“ се отвора третиот фестивал на филм и музика „Ѕирни“. Од денеска во следните осум дена ќе има филмски проекции, разговори со авторите, концерти, музичка селекција, изложба, детска работилница.

Билетите за филмските проекции се бесплатни, но поради ограничениот број на седишта, тие се подигаат во Котур.

По проекцијата, ќе има музичка селекција со Џано Куч.

На фестивалот се планирани изложба на фотографии на Ерина Богева, музичка селекција со Еми Ермилова, проекција на анимирани филмови за деца и детска креативна работилница со Марга, проекции на филмовите „Сава“, „Проблемот на Тина“, „Северен пол“, концерт на Дина Јашари…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.