Со претставата „Партија реми“ на Драмски театар Скопје, вечерва во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово започнува 24то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Претставата е според текст на Доналд ли Кобурн, а во режија на Виолета Џолева. На сцената ќе играат Ѓокица Лукаревски и Маја Вељковиќ Пановска.

Отворањето на фестивалот е вечерва со почеток во 20 часот, а пред да биде играна првата претстава на сцената ќе се појави актерката Стојна Костовска која ќе биде одликувана со признанието „Васил Иљоски“ за особен придонес во развојот на театарската уметност во Куманово и Македонија.

На настанот се очекува да присуствува и министерката за култура Ирена Стефоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.