Годинашново петто издание на КРИК – фестивал за критичка култура во организација на „Контрапункт“ завршува утре (вторник 1 декември) со предавањето од третиот програмски дел на тема „Леви феминистички хоризонти: професионализирање или радикализирање на женското движење во Бугарија“. Гостинка на фестивалот е Марија Иванчева, социолог и антрополог од Бугарија, која ќе одржи онлајн предавање со почеток во 19 часот, а по предавањето ќе се одржи и дискусија која ќе ја модерира Јана Коцевска. Предавањето ќе се одржи на англиски јазик, со пренос во живо на официјалната фејсбук страница на КРИК.

Темата на годинашното издание на КРИК 05 е „Конечноста и кршливото општество – социјализам, слобода и секуларност“ е инспирирана од книгата на Мартин Хеглунд „Овој живот – секуларна вера и духовна слобода“ и понатаму останува да биде актуелна.

Марија Иванчева е бугарски социолог и антрополог, која моментално живее и работи во Велика Британија. Таа има истражувано и објавувано на темите: високото образование, трудот, прекарноста, меѓусекторските нееднаквости и улогата на универзитетите и нивните заедници во пошироките процеси на социјалните промени, особено од и од социјализмот.
****

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.