Вечерва (петок, 1 јули) во Музејот на современа уметност завршува првиот дел на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура во организација на Контрапункт, на тема „Во постојан отпор“.

На иницијатива на фестивалот за прв пат во живо имаме две од најзначајните андерграунд издавачки куќи од Бугарија, Amek Collective & Kontingent Records. Во 19, 30 ќе се одржи разговор со уметниците Ангел Симитчиев, Мартин Луканов, Иван Шентов и презентирање на бугарските издавачки куќи Amek Collective & Kontingent Records.

Дојдете на уметнички разговор со визионерите зад бугарската сцена на дрон/амбиент/шум, кои брзо се проширија поради нивната работа од доцните 2000-ти. Разговорот ќе го водат и модерираат, филозофот Станимир Панајотов, кој веќе има соработувано со Амек и кој ќе помогне да се расплете приказната зад чудниот успех на овие музички жанрови на бугарската андерграунд сцена, заедно со Ивана Драгшиќ, дј-ка и претставничка на локалната андерграунд сцена.

„Амек колектив“ започна како „направи сам букерски“ колектив во 2008 година. Воден од Ангел Симитчиев и Мартин Луканов, кои претежно работат во Софија, Бугарија. Амек има донесено над 90 изведби на странски и локални звучни, експериментални и амбиентални уметници. Од 2011 година тие редовно издаваат музика на касета и винил. Во моментов Амек прави две месечни радио емисии – „шумна неделя“ (Канал 103, Скопје) и Comfort Club (Black Rhino Radio, Букурешт).

„Контингент Рекордс“ е „направи сам“ label и букер-човек-армија од Софија, Бугарија. Основан во 2004 година од Иван Шентов, „Контингент“ издава музика од различни формати и од различни жанрови меѓу кои може да се најде дрон шум, амбиентален, експериментален, изговорен збор, нојз рок, кора / панк, лоу-фај и слично. Контингент Рекордс, исто така, го издава и годишниот бугарски фанзин Sustainer.

Во 21 часот во живо ќе настапат Шентов, Симитчиев, Луканов што е ретка музичка тријада која досега во живо свирела само во неколку прилики. Скопската публика ќе биде една од првите која ќе го посведочи најновиот музички расплет на оваа соработката помеѓу три клучни фигури на актуелната бугарска дрон, ноис и амбиентална музичка сцена.

Ангел Симитчиев е бугарски музичар и композитор со корени во хардкор панк сцената. Надвор од неговата соло-музичка рутина, неговите дела постојат во соработка со видео-арт, (краток) филм, уметничка инсталација, реклами, мода, театар, современ танц и перформанс. Тој е ½ од бугарскиот издавач на експериментална музика и букинг екипа Амек Колектив. Ангел Симитчиев е доктор по музикологија (Институт за уметнички студии при Бугарската академија на науките) и магистер по медиумска композиција и електроакустична музика (Национална музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“). Од 2014 година предава „Звучна уметност“ на Националната академија за уметности во Софија.

Мартин Луканов е основач на експерименталниот музички label и букинг екипа Amek Collective. Тој е магистер по медиумски студии (Универзитет во Софија) и моментално работи на докторат по културни студии. Тој е помошник-уредник списанието Југоисточна Азија Медиумски студии, член на уредуничкиот одбор на Riffs списанието за популарна музика и предава „Популарна култура“ на Новиот бугарски универзитет и Универзитетот во Софија.

Иван Шентов е музичар, композитор и писател кој е роден и израснат на музичката сцена во Софија. Тој е поранешен член на КПД-0, сега веќе непостоечки, но сè уште еден од најпознатите софиски бендови од 2000-тите. Во моментов, Иван Шентов е на чело на Контингент Рекордс label, која донесе во Софија плејада турнеи од меѓународната нојз и панк сцената.

Инаку вчеравечер во КСП „Центар – Јадро“ беше отворена изложбата „Сенките на занаетите : инсталација на светлина-сенка-звук“ од турскиот уметник Билал Јилмаз, кураторка на проектот е Лидија Хаѕиоану од Грција. Изложбата ја отвори Искра Гешоска, програмски уредник на фестивалот, која им заблагодари што по Истанбул и Ајвалик, Скопје е третиот град за кој изработија мапа на занетите и рече дека се надева на продолжување на соработките со македонските креативци кои ја посетуваа работилницата што се одржа во рамки на овој проект. Изложбта во КСП „Центар – Јадро“ ќе може да се види до 7 јули.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.