Претставници на УНЕСКО за еден месец ќе дојдат во Охрид за да утврдат колку од препораките кои на државава и беа дадени во јуни годинава, се исполнети. Тие се важни за градот и езерото и понатаму да го задржат актуелниот статус на заштита од оваа светска организација. Во спротивно, Охридскиот регион би се нашол на црната листа на загрозени подрачја. Државна делегација во која беше и градоначалникот на Охрид, во Париз на челниците на УНЕСКО, викендов им образложуваа што и како е досега сторено, особено по акцијата за уривање на некои дивоградби, пишува Алсат.

Во однос на препораката под реден број 9, во месец јуни беше изготвен Регистар на бесправно изградени објекти за кои во периодот од 2006 година до мај 2019 година, инспекциските служби имаат констатирано прекршувања на Законот за градење и имаат донесено некаков акт со кој се утврдува нелегална градба“, наведуваат од општина Охрид.

Историчарите велат дека треба да се внимава новите градби да не ги загрозуваат објектите кои се од историско и културно значење.

Логично е да имаме и одредена современа култура, но не треба да се уништува старата и врз неа да се гради нешто ново. Она што смета е доколку се уништи стара куќа или стара градба, а се изгради нешто современо…, рече Ристе Николески-историчар.

Во однос на нелгалните градби кои почнаа да се отстрануваат, речиси сите сопственици побарале сами да го направат тоа, а не општината или фирмата која за тоа беше ангажирана. Преземениот рок за тоа е во следниве 20 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.