Министерството за култура дозволи во петокот навечер во Македонскиот народен театар навивачите на Шкупи да прослават 30 години постоење.

„Шверцерите“ останаа доследни на своето име и се покажаа во „вистинско светло“ – се качуваа на столчињата, се нишаа држејќи се за шипките на горниот дел од галеријата, скокаа, свиреа, навиваа, дивееја…Сè она што редовно го прават по стадионите, во петокот уште посилно го правеа во највисоката театарска институција во Македонија.

Вечерва осамна и видео од нивното дивеење, а јавноста згрозена и шокирана прашува – на кој паметен му текнало да им го дозволи ова?

МНТ 2019! Северџанистане земјо свртена наопачки!!!!!, коментира оперскиот пејач Игор Дурловски.

На „гала свеченоста“ биле присутни и големи фудбалски имиња кои биле дел од клубот од Чаир, на бината биле поздравени поранешните македонски репрезентативци Горан Станковски, Гого Јовчев, Зекирија Рамадан, Арбен Нухиу, Арѓент Беќири… беше и поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски. Присутен беше и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој пред неколку години беше и тренер на екипата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.