Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во рамки на јубилејното 40-то СКОПСКО ЛЕТО, организира дружење и промоција на  најновата книга на Љубомир Грбевски „Лет со умот кон папокот на универзумот“ (БАЈКИ НЕСОЛЕНИ ЗА МАЛИ И ЗА ГОЛЕМИ) пиеси во стихови.

Книгата ќе ја промовира Стево Симски а музички ќе ја збогати програмата, Јаков Дренковски.

Промоцијата ќе се одржи во Градската кафеана „Пелистер“ на 5 јули токму напладне (12 часот).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.