На „Скопско лето“ денеска (24.07.2019, среда), ќе се отвори изложба на фотографии „Спомен од Битола 2019“ во Ликовниот салон на Културно-информативниот центар – Скопје, во 20:30 часот. Изложбата е во соработка со Амбасадата на Државата Израел и Acta Non Verba.

76 години од депортацијата на Евреите од Македонија во Треблинка, на овогодишните комеморијални настани во Битола, Штип и Скопје, сите учесници беа поттикнати да фотографираат и да учествуваат во интернационлен натпревар во фотографии „Спомен од Битола 2019“

Шломи Амсалем го водеше натпреварот и беше негов куратор. Од неколку стотици фотографии, осумчленото жири на чело со судијата Јижак Адијас ги избраа победничките фотографии.

Во соработка со израелскиот фонд за кооперација и за промоција на проектот во Битола и со поддршка од „ARHAM“ и „ACTA non verba“, изложбата ќе биде прикажана во Скопје откако беше прикажана во Министерството за надворешни работи на Израел.

27 фотографии се дел од изложбата, прикажувајќи ги настаните од март. Оваа изложба е уште еден начин на кој приказната ќе биде раскажана. Да се споделат комеморијалните моменти и да се запомни заедницата која беше речиси целосно загубена.

Исто така е дел од раскажувањето на приказната за чистењето и зачувувањето на старите еврејски гробишта во Битола и маршот на живите кој веќе станува традиција.

Стотици Израелци им се придружуваат на локалното население и на странските гости со цел да го одбележат споменот за 7144-те Евреи кои беа земени и не се вратија.

Некои од специјалните моменти можат да бидат видени во овие фотографии кои нè потсетуваат на минатото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.