Денеска (14.07.2021, среда) на програмата на манифестацијата „Скопско лето“ ќе се одржи концерт насловен „KLEZTANGO AND BEYOND” на ДУО ТРЕНЕВ & ВАЈС со почеток во 20:30 часот во Амфитеатар ЕНДАВАИзведувачи на концертот се Иван Тренев – хармоника и Мориц Вајс – кларинет и бас кларинет (Австрија).

Концертот е во соработка со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Австриска Амбасада во Македонија.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот е слободен.

KLEZTANGO AND BEYOND е името на албумот во кој кларинетот и хармониката, два најдобри пријатели во светската музика, градат музички дијалог. Хармониката го претставува смеењето, воздишките и ги прати гласните звуци од кларинетот со меки, кристално јасни и ритмички разиграни мелодии. Тренев и Вајс се посветуваат на две прекрасни музички варијации – танго и клезмер и разиграно ги компонираат нивните заеднички мелодии. Во април 2019г. нивниот деби албум е издаден од Лотус Рекордс. Летото 2019г., ново создадениот бенд учестуваше на Интернационалниот фестивал за хармоника во Виена, како и на турнеи во Источна Европа и Северна Америка.

Мориц Вајс – кларинет и бас

Кларинетистот и композитор Мориц Вајс (роден во 1996г. во Фирстенелд), покрај неговите студии по класична музика во Виена, се посветува на светскиот жанр „Клезмер и Yiddish Music“, слави голем успех на националните и меѓународните бини со сопствените ансамбли (Триото Мориц Вајс и Дуото Тренев и Вајс). Како композитор го врти вниманието кон себе пред сè со своето дело „Vocal Klezmer Sounds“ (за инструментален ансамбл и хор). Во 2018г. го основаше здружението „Styrian Klezmer Connection, платформа за Клезмер и Јидиш музика во Штаерска. Дел е од програмата за стипендии на клезмер фестивалот Клец Канада (Монтреал), како и од програмата за финансирање НАСОМ на Министерството за надворешни работи во Австрија. Како гостин музичар, збогатува бројни ансамбли и ЦД-снимки. Во скоро време е награден за неговото музичко дело со наградата Моргенштерн од покраината Штаерска.

Иван Тренев – хармоника

Македонскиот хармоникаш  и композитор Иван Тренев е роден во 1993г. во Штип. Со музика почнува да се занимава уште од најрана возраст и веќе на 8-годишна возраст ја освојува и својата прва награда на државниот натпревар во Скопје. Основното и средното музичко образование ги завршува во родниот Штип, а за тоа време успешно зема учество на повеќе државни и интернационални натпревари во Република Македонија и во странство. Својот прв солистички концерт го оддржува на 16-годишна возраст.  По завршувањето на средното образование заминува за Грац, Австрија. Таму ги завршува додипломските студии во 2015г., а магистрира на Универзитетот за музика и драмски уметности, Грац. Соработува со повеќе композитори и премиерно изведува повеќе од 30 композиции за хармоника. Со проектите во кои е активен издава 6 албума и настапува редовно во Европа и во Северна Америка. За неговиот уметнички ангажман може слободно да се каже дека „не познава граници“. Иван е активен не само во полето на современата музика, туку и во полето на танго музиката, латино-американската музика, балканската, ориенталната, како и клезмер музиката. Тој е ко-основач на здружението за поддршка на клезмер културата „Styrin Klezmer Connection“, стипендијант е на Министерството за култура на Р. Македонија, како и на престижната „Azrielli Scholarship“ во рамките на „KlezKanda.

Кафе Киното се затвора вечерва (14.07.2021г. – среда) со проекцијата на филмот „СЕЌАВАЊА ОД ИТАЛИЈА“ (MADE IN ITALY), 2020, Италија/Велика Британија, која ќе започне во 20:30 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека на Македонија. Влезот ќе биде регулиран со билети по цена од 100 денари коишто ќе може да се купат на билетара на Кинотека на Македонија, а настанот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.

комедија / траење: 94 минути

сценарио и режија: Џејмс Д’Арси

улоги: Лијам Нисон, Микел Ричардсон, Линдзи Данкан,

Јоланда Кетл, …

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.