„Скопскиот џез фестивал“ и „Офф фест“ не се согласија околу доделените сретства и по ревидирањето на годишната програма на Министерството за кучтура и најавуваат жалби.

Во ревидираната годишна програма на Министерството за култура, објавена пред 3 дена, средствата определени за манифестациите „ОФФ-Фест“ и „Скопски џез фестивал“ се речиси преполовени во однос на оние со кои Министерството партиципираше долга низа години, вклучувајќи ја и минатата. Тие практично не обезбедуваат можност за сочувување на квалитетот и исклучително високото меѓународно ниво на двата фестивала туку само преживување со локална и регионална програма, што ние, имајќи ја на ум долгата традиција, нема да го прифатиме. Со оглед дека евидентиравме бројни грешки (некои и многу груби), во вреднувањето на нашите апликации преку бодирањето извршено од „стручната комисија“, ќе ја искористиме можноста за жалба. Едновремено, потсетуваме дека во првата објава на резултатите од Годишната програма обете апликации ни беа одбиени сo образложение дека недостасува потребната документација, на што ние реагиравме, а увидот на правната служба на Министерството го потврди нашето тврдење дека пријавите за двете манифестации што ги организираме се комплетни! За жал, целата оваа рашомонијада се случува во период во кој ние, во нормални околности, треба да се бавиме со други организациони активности (практично оневозможени) и да испраќаме поинакви соопштенија – најнапред за целосната програма на претстојниот „ОФФ-Фест“, а потоа и за џез-фестивалот, нешто што сите наши колеги од големите европски фестивали веќе го имаат сторено, напишаа на својата фејсбук страна Скопски џез фестивал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.