Пред почетокот на овогодишниот 40. Скопски џез фестивал, што ќе се одржи од 20 до 24 октомври, вечерва како програма плус во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе биде отворена изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал насловена „Complicate Simply“.

По отворањето на изложбата во Киното Фросина во МКЦ ќе се одржи и премиера на документарниот филм „Aretha Franklin: Amazing Grace“.

Овогодишниот Скопски џез фестивал ќе почне в среда со специјален соло рецитал на саксофони на Матс Густафсон, кој важи за „супер-херојот на скандинавската џез сцена“, а по него ќе настапи квартетот на басистката Линда Меј Хан О.

Како што најавија организаторите на Скопскиот џез фестивал, и покрај евидентните предизвици, поради бројните ограничувања што ги донесе кризата со корона-вирусот, го имале императивот за зачувување на високиот интернационален карактер на манифестацијата и традицијата таа да го нуди најдоброто од џезот и импровизираната музика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.