На 30 јуни (среда), со почеток од 21 часот паркот на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи скопската премиера на „Проблемот на Тина“ – новиот краткометражен филм на Радован Петровиќ.

Во филмот играат: Душица Настова, Жаклина Стефковска, Јордан Симонов, Тамара Ристоска, Емилија Мицевска-Трајковиќ.

Продуцент на филмот е Роберт Насков, директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Жаклина Крстевска, шминкер Ирена Сенокозлиоска, дизајн на тон Ненад Стефаноски и Драган Спасов, а монтажери Радован Петровиќ и Вардан Тозија.

Сценариото го напиша Румена Бужаровска, а филмот е во продукција на „Партизанс“. Филмот раскажува за 22-годишната Тина, која откако ја губи невиноста оди на првиот гинеколошки преглед.

По премиерата следува DJ set на Nastasya Kish.

Влезот е слободен, со ограничен број на бесплатни билети. Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.