Скопје танцов театар за вечерва во 20 часот ја најавува премиерата на претставата „Импулс#волумен14“ во Младински културен центар (МКЦ). Претставата е составена од повеќе делови, во кореографија на Рисима Рисимкин, Дејан Битровски и гостинот од Прага, Шимон Кубан.

Во првиот дел ќе се изведе кореографијата „Апстракт/Бои“, што Рисимкин специјално ја подготви за студентите од завршната година на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Бобан Русески и Тереза Лазарев. Костимите се на Благој Мицевски.

Вториот дел насловен „Онлајн“ е во кореографија на Битровски и во него ќе настапи Анастасија Данчевска, додека „Ноември“ и „Flesh&Bone“ се подготвени од Кубан и во нив ќе настапат танчарите на СТТ, Данчевска, Битровски, Тринга Хиса и Џорџа Лили (стажантка од Италија) и студентите Сара Цветковска, Јована Зајкова, Тереза Лазарев, Бобан Русески, Исидора Краљевска, Борис Богдановски, Ивана Балабанова и Дамла Пинар Башар (Турција).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.