Вечерва во Скопје е во тек манифестацијата „Бела ноќ“ која годинава се одржува по 17. пат. Една од главните атракции на годинешната Бела ноќ за граѓаните беше можноста да уживаат во музиката на Фолтин, но и во бројни други културно-забавни настани во главниот град.

Многубројните уметници, концерти, изложби, кино проекции и други културни перформанси на 13 локации во градот во „Бела ниќ“ го претворија Скопје во центар на културните случувања.

Поради состојбата со пандемијата со ковид-19, годинашното издание на „Бела ноќ“ исто како и лани, се одржува една недела порано од планираното. Офцијалната програма почна во 19 часот и трае до полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.