Светски познатиот пијанист маестро Симон Трпчески по подолга пауза настапи во Домот на културата „Ацо Шопов“ во  Штип, каде среде настапот на концертот на средното музичко училиште, поради недостиг на греење.

Овој концерт ме потсетува на еден концерт кој го одржав пред три недели во главниот град на Узбекистан, Ташкент, каде што газеле нашите беломорски Македонци кои биле приморани да ја напуштат Егејска Македонија и топло ги профатиле таму, па се вратиле итн. Мене ми беше мило да одам и да отсвирам таму и таму во говорот пред публиката се потсетив на трет концерт којшто се одржа пред 11-12 години во Прилеп, каде што јас настапив на сцена со греалка покрај моите нозе. И ќе ви парафразирам што ѝ кажав на публиката. Практично разбрав дека почнувајќи од утре, официјалните институции на Штип ќе работат без греење за да можат да разберат тие луѓе таму што значи овие луѓе на сцена да работат на вакви темепратури, рече иронично маестро Трпчески.

Тој ги нарече херои музичарите кои го придружуваат на сцената и им се извини што ги задржува дополнително на десетина минути со говорот.

Во меѓувреме јас те се греам, те се ладам зад сцена, но тие се овде и верувам дека ќе ми простат за овие плус пет минути што ви ги кажувам. Многу ми е мило што ја делам сцената вечерва после повторно веројатно 11-12 години во Штип. Кога дојдов денеска, од една страна слушам вакво нешто: „Тошеее, рефлекторо не работе!“. Од друга страна слушам „Па тоалето нема хартија! Одам, струја нема: „Изгорела е сијалицата“. Радијаторите отишле. Немојте да ме сфатите како некој стенд-ап комедијант овде, но ова е дел од мојата потреба да ви го кажам ова. Некои ќе ме сфатат, некои не, но од друга страна слушам колку е прекрасно чувството на народот, на штипскиот народ да знае за вакви прекрасни настани како овој вечерва што се случува практично секоја година, „Новогодишниот концерт на Средното музичко училиште“. Колку е убаво да се биде на концертот на КУД „Ристо Донев“, на други аматерски групи, на други концерти и колку е убаво вие како публика да сте желни да добиете еден убав културен настан. Ме интересира колку професори се вечерва овде од музичкото училиште или од академијата, ме интересира дали градоначалникот на Штип е вечерва овде, директори на институции итн.

Трпчески нагласи дека токму затоа нашите политичари и квазиполитичари, оние што мислат дека се политичари вистински или оние кои се влијателни луѓе и коишто покажуваат дека искрено ја сакаат културата и уметноста треба да сфатат еднаш засекогаш дека на културата и на образованието не смее да се штеди.

Пред да излезам на сцена додека се обидував да се загреам го прочитав следново, а има врска со фактот што ние Македонците без разлика колку имаме код на самоуништување, на крајот велиме дека сме како пиреј и секогаш одново растеме. И еве уште еден пример. Последната песна на Блаже Конески, која се вика „Зимско утро“ аналогно на нашава атмосфера.

„Молчи зимското утро / Се стуткало во соба како куче.

Уште не му се излегува надвор / Студи.

Под мојот прозорец/ И денес цвркоти и си рипка шалава сипка/ Сип, сип, сип.

И тоа како порив за живот / Во мене пак да буди!“

Тоа сме Македонците, заврши Трпчески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.