Вечерва во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата на слики од Роберт Цветковски, насловена „Симбиоза“.
Цветковски е роден во Куманово, Македонија во 1965 година, а дипломирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на насоката ликовна уметност. Суштината на неговите текстурирани слики е изградена преку експериментирање со примена на современи технолошки методи, како карактеристика на новата постмодерна естетика. Оваа фаза е особено свесна за сводовите низ Македонија. Неговите лакови еволуирале во симболи кои го одразуваат неговото истражување на односот помеѓу уметникот и местото. Овие пораки дејствуваат за да покажат не само од каде е авторот, туку тие се и приказни за тоа како природата и Универзумот постојано го менуваат начинот на кој ги гледаме работите. Има 37 самостојни изложби и над 200 групни изложби. Учествувал на над 40 ликовни колонии во Македонија, САД, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. Неговите дела се дел од приватни колекции во САД, Кина, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Франција, Германија, Австралија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија; и постојани колекции во Центар за современа уметност-Подгорица, Црна Гора; Градскиот музеј на Скопје, Македонија и Академијата УККСА во Турција.
Самостојни изложби:
1994 – Скопје, P.Македонија, Галерија Стоби
1994 – Крива Паланка, Центар за култура P.Македонија
1995 – Куманово, P.Македонија, Центар за култура
1995 – Варна-Бугарија, P.Македонија, Галерија Палас
1998 – Неготино, P.Македонија, Градски музеј
1998 – Прилеп, P.Македонија, Центар за култура
2001 – Штип, P.Македонија, Центар за култура
2004 – Вилмингтон, NC, САД, Acme Art
2004 – Фајетвил NC, САД, музеј Фајетвил
2004 – Винстон Салем NC, САД, галерија Реалис
2005 – Питсборо NC, САД, галерија на Side Street
2007 – Carrboro/Chapel Hill NC, САД, Sizl Gallery
2007 – Пекинг, Кина, галерија Јун
2007 – Подгорица, Црна Гора, Павилјон за уметност
2008 – Крива Паланка, P.Македонија, Центар за култура
2008 – Карборо/ЧапелХил, NC, Main Street Gallery
2009 – Лексингтон NC, САД, галерија PAF
2010 – Скопје, P.Македонија, Културно информативен центар
2010 – Крива Паланка, P.Македонија, Центар за култура
2011 – Скопје, P.Македонија, галерија „Грал“.
2013 – Кавадарци, P.Македонија, Центар за култура
2013 – Неготино, P.Македонија, Градски музеј
2013 – Прилеп, P.Македонија, Центар за култура
2016 – Chapel Hill, NC, САД, Point Gallery
2019 – Њујорк Сити, Њујорк, САД, MC Gallery
2019 – Крива Паланка, P.Македонија, Културен центар и градски музеј
2019 – Струмица, P.Македонија, Центар за култура „Антон Панов“
2019 – Куманово, P.Македонија, Центар за култура
2020- Истанбул, Kuzey Makedonya Kültür Merkezi
2020- Софија, Бугарија, онлајн изложба за Културно-информативен центар на Македонија
2021 – Кавадарци, P.Македонија, Центар за култура
2021- Париз, Франција, Cité internationale des arts
2023 – Њујорк Сити, Њујорк, САД, MC Gallery
2023 – Грос Цимерн, Германија, Градски музеј
2023 – Крива Паланка, P.Македонија, Градски музеј
2024 – Крива Паланка, P.Македонија, Градски музеј
2024 – Загреб, Хрватска, Културно информативен центар на Р.Македонија
Изложбата ќе биде отворена до 16.12.2024 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.