Овој вторник, со почеток во 19 часот, во Зелената градина на кровот на Градскиот трговски центар во Скопје, ќе се одржи концертот СИГНАЛИ на пијанистката Дуња Иванова.

На програмата се премиерни изведби на пиесите на истакнатиот филмски композитор Пако Периаго, како и автентични преработки на звуците на Рејдиохед од исклучителниот пијанист и композитор Џош Коен.

 Концертот претставува дел од Годишната програма на Министерството за култура, а настанот се реализира со поддршка на ГТЦ Скопје и во согласност со препораките за заштита од Ковид 19. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.