Среда е вообичаено спортски ден, но обидете се да ги промените навиките. „Шопенова вечер “ е одличен почеток ако сте љубител на класичната музика, велат од Културно-информативниот центар-Битола.

Како и обично Државното музичко училиште е „виновникот“ за ваквите настани, овој пат инспиратори и „соучесници“ во вината се Друштвото за македонско – полско пријателство и соработка „Висла“ огранок Битола. Ви ветуваме посебно доживување со учениците од музичкото училиште. Офицерски дом – Свечена сала 19 часот, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.