Не го прочитав писмото на уметниците, затоа што не беше адресирано кон мене и немам коментар за ситуацијата, бидејќи сметам дека живееме во општество, каде што се уште пребрзо се суди, кога постапката уште не е завршена – изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, одговарајќи денеска на новинарско прашање на прес конференцијата во Филхармонија.

 

Шилегов беше запрашан за став во врска со вчерашното писмо на 251 уметник адресирано до премиерот Зоран Заев.

Инаку, Град Скопје, под чија капа е МКЦ, го објави конкурсот за избор на директор уште пред неколку месеци, но процедурата беше стопирана поради претседателските избори. Сега стручната комисија треба да ги разгледа пријавите кои пристигнале и да даде свое мислење до градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Последниот збор за именувањето на директор за МКЦ по функција го има токму Шилегов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.