Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје на 17 ноември во Куманово ќе го реализира петтото издание на проектот „Добри гости“ преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители. Настанот ќе се одржи во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ‒ Куманово, со почеток од 19 часот.

На петтото издание на „Добри гости“ во Куманово ќе учествуват: Санде Стојчевски, Весна Ацевска, Петар Андоновски, Андреј Ал-Асади, Марија Ангеловска, Д. А. Лори, Снежана Стојчевска, Драган Атанасов, Ива Петровска, Дејан Величковски, Дамјан Златановски, Никола Наумовски, Драгана Стојадиновска, Сара Ѓорѓијоска, Росица Митиќ, Билјана Станковска, Даниел Стојчевски, Андријана Ѓорѓевска, Андреј Анѓеловиќ, Софија Величковска, Ана Манасиевска и Ива Додевска.

Книжевната серија „Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично.

Овие гостувања се планира да се одржат во повеќе градови, по што иницијативата ќе заврши кон крајот на 2024 година со маратонско книжевно читање во Скопје, на кое, доколку се во можност, би учествувале сите вклучени автори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.