Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје на 1 април во Тетово ќе го реализира и второто издание на проектот „Добри гости“ преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори и во соработка со локални чинители.
„Добри гости Vol. II“ ќе се одржи во Тетово, в сабота, на 1 април, со почеток во 18:00 часот во „Инфинити ‒ кичен бар“.
Гости ќе бидат: Лилјана Пандева, Снежана Стојчевска, Љубица Шопова, Ѓоко Здравески и Андреј Ал-Асади, а домаќини ќе бидат: Перица Сарџоски, Јован Дамјановски, Милена Илиевска, Наим Иљази, Тофе Јаковлевски, Никола Трпески ‒ С.А.М. и Ангела Бошкоска.
Настанот ќе го водат Јулијана Величковска и Андреј Медиќ Лазаревски, а „Култура бета“ ќе биде медиумски партнер на проектот.
„Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично. Овие гостувања се планира да се одржат во повеќе градови, по што иницијативата ќе заврши кон крајот на 2023 г. со маратонско книжевно читање во Скопје, на кое, доколку се во можност, би учествувале сите вклучени автори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.