Со 10 милиони денари, средства добиени од Министерството за култура започна реконструкцијата на Театар Куманово. Во првата фаза предвидено е да се реконструира дел од внатрешноста на објектот и фасадата. Втората фаза ќе продолжи наредната година по одобрување на дополнителни средства од Министерство за култура.

Се очекува првата фаза да трае шест до седум месеци, но, сепак, тоа зависи од повеќе фактори и можни непредвидени проблеми во текот на реконструкцијата. Рокот за завршување на градежните активности е до април 2022 година. Реконструираниот објект ќе биде целосно модернизиран и прилагоден на потребите на актерите и на публиката, кои ги диктира новото време, вели директорот, Сашо Тодоровски.

Додека трае реконструкцијата вработените во театарот ќе се преселат во Центарот за култура, а и претставите ќе се изведуваат на сцената на центарот.

извор: Кумановски муабети.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.