Продукцијата „Фокус Покус Филмс“ организира отворена аудиција за главна машка улога во новиот филм на Вардан Тозија, со работен наслов „М“.

На аудицијата може да дојдат сите заинтересирани момчиња од 7 до 11 годишна возраст. Аудицијата ќе се одржи на 11 и 12 мај (сабота и недела) во „Вардар филм“ (ул. „8 Март“ бр. 4) од 10 до 18 часот и ќе се состои од фотографирање и кратко видео претставување на кандидатите.

„М“ е апокалиптична бајка за малиот, осамен Марко, кој ја бара својата мајка во суровиот и опустошен свет на нашата блиска иднина. Неговата потрага по љубов го носи на патување исполнето со бројни опасности и предизвици.

Задолжително е присуство на родител или старател.

Напомена: момчињата кои се веќе фотографирани во некои од основните училишта, нема потреба да се пријавуваат повторно, затоа што веќе ги имаме евидентирано во базата на податоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.