Скопскиот џез фестивал на социјалните мрежи сподели текст во врска со одложувањето на јубилејното издание на  „Оф фест“ и прашува: Има ли пилот во авионот?

Во продолжение го пренесуваме текстот

ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ?

Вчера споделивме во јавноста информација за одложување на јубилејното 20-то издание на OFFest и за причините за таквата одлука. Веднаш по нашето прецизно соопштение, со своја реакција се огласи Министерството за култура. Цитираме:

„Министерството за култура информира дека договорот за учество во финансирањето на ‘Оффест’ е навремено доставен до организаторот – Скопје џез-фестивал. И покрај тоа, апликантот не само што не го потпиша договорот туку поднесе и забелешки. Апликантот во неколку наврати е информиран за текот на постапката како и за тоа дека непотпишан договор не произведува правно дејство. Оттаму, нејасно е неговото прозивање на Министерството за култура“.

Каква неписменост! Каква дрскост и обид за демонстрирање сила и моќ! На овој недоветен одговор би се насмеал и бруцош на правниот факултет, а камоли правен експерт. Да појасниме: договор е правен акт што го склучуваат ДВЕ СТРАНИ. Како е можно едната страна да нема никакво право на забелешки на договорот составен од другата страна?!? Нашите забелешки ги упативме со аргументирано образложение за два члена од договорот што се апсолутно штетни и неприфатливи и кои практично ја оневозможуваат реализацијата на нашите проекти. А дека не сме осамени во нашиот став дека договорите оваа година се понижувачки, дилетантски и неодржливи зборува и јавната реакција на многубројни истакнати и видни културни организации и поединци со одобрени проекти по Годишниот конкурс.

Патем, околу „навременоста“ во реакцијата на Министерството за доставувањето на документите… Договорот, таков каков што е, пристигна кај нас дури на 20 април. Веднаш приговоривме со свои забелешки на кои до денешен ден нема одговор. Како што сè уште нема одговор ниту на нашата жалба по Решението на Министерката од Годишната програма, поднесена пред повеќе од еден месец, што се однесува на висината на средствата за 40. Скопски џез фестивал.

Денес е 7 мај, нашите две манифестации, што годинава одбележуваат значаен јубилеј, висат на конец. Нивното одржување е сериозно доведено во прашање. Има ли пилот во авионот наречен Министерство за култура?

ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ?
Вчера споделивме во јавноста информација за одложување на јубилејното 20-то издание на OFFest и…

Posted by Skopje Jazz Festival on Friday, May 7, 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.