Секоја среда со почеток од 19 часот, Кинотеката со задоволство ве поканува на нашиот нов и уникатен проект – СЦЕНАРИСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА.

Преку детална анализа на драмската структура на 12 филмски класици, нашите гости – учесници ќе добијат можност одблиску да се запознаат со сите „скриени тајни“ – елементи, алатки и техники на сценаристичкиот занает.
Од премиса, експозиција, главна тензија, кулминација, резолуција, 3чина, конфликт, протагонист и цел, па сè до перипетии, засадување и исплата, драмска иронија, создавање тензија, активност наспроти акција, рекламирање на иднината и итн. се само дел од драматуршките инструменти кои ќе бидат честа тема на овој интерактивен настан, соопштуваат од Кинотека.

3 АПРИЛ (СРЕДА), 19:00 ч.
СЕКС, ЛАГИ И ВИДЕОЛЕНТИ
(Sex, Lies and Videotapes)
Игран филм, САД
1989, 100 мин., колор, 35 мм
Режија: Стивен Содерберг (Steven Soderbergh)
Сценарио: Стивен Содерберг (Steven Soderbergh)
Улоги: Џејмс Спајдер, Енди Мекдауел, Питер Галагер (James Spader, Andie MacDowell, Peter Gallagher)
Ен е мажена за Џон, кој ја изневерува со нејзината сестра Синтија. Ен го запознава срамежливиот Греам, поранешен пријател на Џон, и му помага да најде нов стан. Греам не води сексуален живот, а како замена ги снима жените со видеокамера кои зборуваат за нивната сексуалност. Кога и Синтија ќе прифати интервју со Греам, Ен ќе се налути, а нејзината лутина ќе се зголеми кога ќе дознае дека Синтија мастурбирала за време на снимањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.