Актерот и поранешен директор на Драмски театар, Сашо Тасевски, сподели една анегдота поврзана со актерката Билјана Беличанец Алексиќ, која синоќа се самоуби во својот дом.

Билјана Беличанец влезе во канцеларијата. Два месеци откако ме назначија за директор. Седна како на жар карши мене, зад клуб-масата. Да ѝ пратам порака дека е добредојдена и влегува дома, станав од директорската фотеља и седнав кај клуб масата. Ја понудив кафе, одби. Дојдов само нешто да ти кажам, рече. Те разбирам ако ме држиш на страна, ако не добивам улоги, зашто бев функционер кај оние, само дозволи ми да бидам овде, да го дишам театарскиот воздух. Стави ме и во шивална, ќе шијам, само да сум тука. Беше сериозна, а јас се насмеав. Реков: Билјана ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња. Треба да играш и сакам да играш, ама не со игла и конци, туку на сцена. Таму би била од најголема помош. Имаш сојузник во мене. Сепак не заигра, иако требаше да игра главна ролја во една претстава, тоа се изјалови од други причини. Нејсе, затоа со ќеф прифати да биде дел од уметничкиот совет, кога ја поканив, откако ме предупреди дека може да си имам проблеми што е она во него. Баш ме заболе и реков. Се сеќаваш што ти кажав во канцеларија ко дојде? Се насмеа. Е па уште го мислам тоа и реков. И секогаш ќе го мислам. Го мислам еве и сега. Најдобра“, напиша Тасевски на својот Фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.