Познатата холивудска актерка Сара Џесика Паркер е одушевена од филмот на Љубимир Стефанов и Тамара Котевска „Медена земја“. Таа на својот инстаграм профил напиша:

„Медена земја“ е неверојатна , визуелено зачудувачка, епска, а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам! Филмот сосема оправдано ги заслужи сите награди кои ги доби. Им честитам на режисерите Стефаноов и Котевска и им благодарам што ни дозволија да патуваме со вас во малечкото селце во Република Македонија“! Секаде би ве следела!

Холивудската актерка филмот го погледнала во Quad Cinema во Њујорк и истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!

„Медена земја“ вечерва е на Фестивалот Киненова којшто се одржува во Скопје, а се прикажува и во Куманово, Битола, Свети Николе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.