Во рамки на 43. издание на манифестацијата „Скопско лето 2022“ денеска ќе се одржи концерт на класична музика за деца „Самовилска музика“.

Концертот ќе се одржи во Сули ан – Факултет за ликовни уметности, во изведба на Триангл Пулс.

Идејниот концепт, сценариото и режија се на Десанка Глигоријевиќ, учесници се Сихана Јакупи – модератор, хорнa, Андреј Наунов – пијанo и модератор, Јане Дунимаглоски – труба, мандолина и оперски пејач.

Во Музејот на македонската борба, пак, вечерва, со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи концерт на Туту Ајдиноглу од Турција – пијано и Нурај Оџакли, наратор, исто така од Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.