Свјетлан Јунаковиќ е хрватски уметник. Неговата професија опфаќа различни области на уметничка активност: вајарство, сликарство, илустрација, но исто така и сценарио и режија. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности Брера и ги изложувал своите дела на самостојни изложби во бројни престолнини на Европа, Азија и Америка.

Тој е еден од петте најдобри илустратори на светот, според престижното жири на меѓународната награда IBBY – Андерсен. Тесно соработувал со многу издавачки куќи долги години, како илустратор и автор на книги за деца, бил наградуван, преведуван и објавуван во многу земји во светот.

Изложбата во Чифте амам ќе претставува пресек на широкиот опус на овој маестрален уметник, вклучувајќи слики, скулптури, цртежи, илустрации, скици, книги и анимирани филмови со што ќе се расветли важноста на овој регионален, а светски признат уметник.

Куратор на изложбата е Ана Франговска, виш кустос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.