Денес на програмата на Кинотека се проекциите на неколку македонски филмови.

26 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.

САМО ЃАВОЛОТ СЕ ПЛАШИ ОД ВОДА

(Only the Devil Hates Water)

Краток гран филм, Македонија

2022, 15 мин., колор, ДЦП

Пријателството на Борис и Кира е доведено во прашање кога Борис под влијание на својата баба почнува да се сомнева дека неговата пријателка е олицетворение на Ѓаволот. Ова ќе го натера да се посомнева во нејзината добрина, сѐ додека Кира не му ја открие тажната вистина за својот живот.

Режија: Лидија Мојсовска (Lidija Mojsovska)

ТАЛЕ И КОРОНА

(Tale and Corona)

Краток игран филм, Македонија

2022, 23 мин., колор, ДЦП

Режија: Томислав Алесков (Tomislav Aleksov)

Ова е приказна за издржливоста на човековиот дух во време на пандемија. Малиот Тале, голем вљубеник во филмската уметност, е заразен со коронавирус и се бори за својот

живот. Користејќи ја силата на филмските ликови што ги обожувал во животот, собира

сила и се спротивставува на болеста. Самовилата Корона му помага и станува негов

пријател.

ГОСПОДАТА ОД СОВРЕМЕНА

(Consuming Contemporary)

Документарен филм, Македонија

2019, 32 мин., колор, ДЦП

Режија: Ана Алексовска (Ana Aleksovska)

Возрасна категорија: 12 години

Една група постари дами и господа секојдневно ужива во културните настани во Скопје, изложби, концерти, поетски читања и промоции каде се служи бесплатна храна и по некоја чаша вино. Овие луѓе редовно комуницираат меѓусебно и заедно прават распоред за настаните во претстојниот ден. Кога општествниот прекор се претвора во закана за нивната забава тие сфаќаат дека она што го прават им значи многу повеќе од тоа што си мислеле.

Влезница: 100 денари

26 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

МИМИ

(Mimi)

Игран филм, Македонија / Хрватска / Црна Гора

2002, 100 мин., колор, ДЦП

Режијa: Даријан Пејовски (Darijan Pejovski)

Возрасна категорија: 12 години

МИМИ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Работи во трафиката кај својот вујко и повремено ќе се заинтересира за некој од муштериите. Се запознава со екстровертната  Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во многу повеќе од искрено дружење без обврски. Минатото, болно и таинствено, заради кое побегнала во метрополата, пополека ѝ се враќа на Мими, ја мачи и опседнува.

Оваа копродукција е втор игран филм на режисерот Пејовски, а својата премиера ја имаше на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје, а досега е прикажуван на филмските фестивали во Пула, Братислава и Херцег Нови.

Влезница: 100 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.