На вчерашната средба со новинарите в.д. на Младинскиот културен центар Русе Арсов меѓудругото рече дека во културата е потребма комплетна промена на моделот на финансирање. Тие ќе ги обжалат одлуките за проектите за кои не се задоволни од резултатите во Годишната прогама.

-Повеќе од десет години заговараме да се најдат нови модели на распределување на јавните сретства. Тројца луѓе, колку и да се професионални не можат да одлучат врз основа на 500, 600, 700 сектори за распределба на јавни сретства. Мислам дека треба да се работи на комплетна промена на моделот на  финансирање и распределба на тие сретства, а не за тоа да се решава во кабинети и во некои мали комисии, за кои не ја оспорувам нивната професионалност и стручност. Но, музичката дејност не може да биде и фолклор, и класика, и естрада, и се во едно, , за фестивалот „Здраво млади“ со 5.000 публика да добие нула денари, рече Арсов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.