Во сабота, 16 февруари со почеток во 20.00ч. во Македонската опера и балет ќе се изведе романтичарската опера „Хофманови приказни“ на Жак Офенбах, во која поетот Хофман ги раскажува своите вонвременски приказни за љубовта.

Либретото на француски јазик е напишано од страна на Жил Барбиер и базирано е врз три кратки приказни, напишани од страна Е.Т.А. Хофман. Како главен протагонист во операта е искористен Хофман лично. Барбиер и Мишел Кери претходно имале реализирано претстава „Хофманови приказни“, која била продуцирана во театарот „Одеон“ во Париз во 1851 година и која Офенбах ја имал гледано.

Приказните на Хофман се карактеризираат со нијанси на емоции проследени со алегориски фигури: љубов, добро и зло. Разочаран и исцрпен, Хофман се буди како од кошмар да сознае дека вистинската убавина и вистинската љубов се наоѓаат во нас…

„Хофманови приказни“, која самата по себе плени со прекрасна музика, ги следи доживувањата на боемот Хофман, но плени и со впечатлив наративен спој на настани од реалноста завиени во научно-фантастичен контекст.

Диригент – Андреа Черта (Италија), режисер – Урсула Хорнер (Австрија), сценограф – Марија Ветероска, костимограф – Марија Пупучевска, кореографи се Урсула Хорнер и Олга Панго.

Во операта настапува бројна солистичка екипа:

  • Хофман: Рафаел Алварез (Мексико)
  • Никлаус: Николина Јаневска
  • Олимпија: Наде Талевска
  • Џулиета: Марија Наумовска
  • Антонија: Дашира Ахмети – Крлиу
  • Линдорф, Дапертуто: Андреа Ѕаупа (Италија)
  • Копелиус, Д-р. Миракл: Ернес Ибраимовски
  • Андрес: Дејан Стоев
  • Кошенил: Јане Дунимаглоски
  • Питикиначо: Дејан Стоев
  • Франц: Јане Дунимаглоски
  • Лутер: Диме Петров
  • Спаланцани: Зоран Данилов
  • Креспел: Владимир Саздовски
  • Глас: Катерина Бошковска
  • Шлемил: Невен Силјановски
  • Учествува хорот и оркестарот при МОБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.