Актерот Роберт Вељановски на својот фејсбук профил објави дека вработените во Универзална сала два месеца не зеле плата.

Од срам на денот издвојуваме, @VladaMK, @CityofSkopje и директорот на Универзална сала Скопје!!!

Вработените во Универзална не зеле плата 2 месеца, затоа што копитото од директор вработил 2-ца свои сопартијци без дозвола од Министерството за финансии. Од таму платите им ги враќаат, затоа што не им се совпаѓа пресметката. Директорчето тера инает, не праќа нови пресметки без овие двајца и ги условува сите за да добие согласност за вработување на сопартијците од Министерство за финансии!

@CityofSkopje, фраерчиња навлечени на “И тебе сам сит кафано”, кои се гадат од “Бисер балкански” која не е IN за нивните скудни мозочиња, си тераат концерти на отворено на алтернативци за да им доделат 14 500 денари. Сите овие концерти се опслужени од луѓето на Универзална кои не зеле плата. Барем заштитна опрема поделете им!

Тоа е сѐ што треба да знаете за културата во Македонија за време на корона пандемијата!!!

Од срам на денот издвојуваме, @VladaMK, @CityofSkopje и директорот на Универзална сала Скопје!!!

Вработените во…

Posted by Роберт Вељановски on Wednesday, April 22, 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.