Во рамките на „Мајски оперски вечери“ вечерва ќе биде изведена на сцената на македонската опера и балет со почеток во 20 часот ќе биде изведена операта „Риголето“. Диригент: Алесандро Д’Агостини (Италија), Режисер: Нина Најденова (Бугарија), Асс. режисер: Трајко Јордановски, Сценограф: Живојин Трајановиќ, Костимограф: Марија Пупучевска, Концерт -мајстор: Јане Бакевски, Асс.Диригент: Катерина Стојковска, Асс.хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓурѓица Дашиќ
Кореограф: Саша Евтимова, Киро Павлов, Корепетитор: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреј Наунов.

Во насловната улога ќе настапи баритонот Алберто Гаѕале од Италија. Тој бележи блескава кариера со репертоар кој вклучува над 70 улоги, а настапува во Миланската Скала, Виенската „Штац“ опера, Арена ди Верона како и во повеќето претижни оперски куќи низ Европа.
Во улогата на Џилда ќе настапи сопранот со префинета вокална техника, Линда Кампанела од Италија. Таа е редовен гостин на најпрестижните меѓународни оперски куќи настапувајќи низ целиот свет, а покрај тоа е престижен наставник по вокална техника и интерпретација на Вокалната Академија во Торино.
Во улогата на Војводата од Мантова ќе настапи Ифрим Космин од Романија, Владимир Саздовски како Спарафучил и Ирена Кавкалевска како Мадалена.
Диригент е Алесандро д’Агостини од Италија, кој и е добро познат на македонската публика, диригент со импозантна кариера низ голем број европски оперски куќи.

Улогите ги толкуваат: Риголето: Алберто Гаѕале (Италија), Џилда: Линда Кампанела (Италија)
Војводата од Мантова: Ифрим Космин (Романија), Спарафучил: Владимир Саздовски, Мадалена: Ирена Кавкалевска, Монтероне: Ернес Ибраимовски, Гроф Чепрано: Диме Петров, Грофица Чепрано: Катерина Стојановска, Маруло: Драган Ампов, Борса: Дејан Стоев, Џована: Ана Ројдева
Паж: Десанка Глигоријевиќ, Офицер: Димитар Кожухаров.

Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Светлана Георгиева, Павлина Здравкова, Невена Георгиева

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.