Пет европски филмови во шест градови низ републиката беа прикажани од 1-ви до 15-ти ноември во рамките на Ревијата на европски филмови. Ревијата заврши денеска со проекцијата на детскиот синхронизиран филм „Кариран нинџа“ во киното „Фросина“ во Скопје.

Љубителите на филмската уметност во Скопје, Битола, Струга, Неготино, Тетово и Гевгелија имаа можност да се забавуваат и да уживаат во изборот на квалитетни филмски остварувања од најновата европска продукција. На годинашната ревија беа прикажани филмови од Шпанија, Швајцарија, Германија и Данска.

Изминатите две недели во рамките на Ревијата на европски филм, Битолчани од 8 до 10 ноември можеа да проследат три остварувања од поновата европска кинематографија – швајцарскиот документарен филм „Крис Швајцарецот“, шпанската комедија „Убивајќи го Бога“ и германската драма „Четири раце“. Првите два филмови ги проследи и струшката публика. Беше прикажан и детскиот филм „Помош, ги смалив родителите“.

Проектот го спроведува Здружението Грин Лист од Битола со поддршка на Министерството за култура во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.