Ретроспектива на култниот режисер Андреј Тарковски од денеска до 20 јуни ќе се одржи во Летното кино во Кинотека на Македонија и на Меѓународниот Славјански Универзитет „Державин“ во Свети Николе.

Публиката ќе може да ги види ремек-делата: „Ивановото детство“, „Андреј Рубљов“, „Соларис“, „Огледало“, „Сталкер“, „Носталгија“, „Жртва“. Ретроспективата се одржува во рамките на Филозофскиот филмски фестивал. Ако врне, проекциите во Скопје ќе се поместат во зградата на Кинотеката.

Тарковски е руски режисер и писател. Се смета дека е еден од најдобрите филмски режисери на сите времиња.

Како што соопштија организаторите, најавено е обраќање на амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин, а онлајн излагање ќе има проф. д-р Игор Евлампиев од Русија.

Ретроспектива ќе трае до 20 јуни.

Организаторите соопштија дека влезот е слободен во рамки на капацитетот на кино салата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.