Од 19 октомври во Археолошкиот музеј на Македонија ќе биде отворена патувачката изложба ,,Raffaelo: Opera Omnia”.

Станува збор за музејска репродукција на 14 дела од најпознатите портрети на Рафаело Санти (Санцио) од кои два се изложени во најпосетуваниот музеј во Европа, Лувр во Париз, а останатите се изложени во најпознатите италијански галерии: Галериите Боргезе и Барберини во Рим, Галериите Уфици и Палатина во Фиренца и Националната галерија во Урбино.

Рафаело Санти, заедно со Микеланџело Буонароти и Леонардо да Винчи ја претставуваат тројката на најголеми уметници и великани од високата ренесанса.

Оваа изложба започна да го обиколува светот во 2020 г. со цел одбележувањето на јубилејот, 500 години од неговата смрт.,,Raffaelo: Opera Omnia” до сега била изложена во Финска, Кина, Тунис, Венецуела, Турција, Јужна Кореа и Приштина.

Изложбата е во соработка со Италијанска амбасада и ќе биде отворена за посетители два месеци, до 20 декември.

Влезот на изложбата е бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.