Разрешени се три члена на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, објави на нејзиниот профил на Facebook д-р Донка Барџиева- Трајковска, досегашен член на Комисијата.

Одличен потег на владата!Во услови на епидемија мора да се отстранат сите кои на било каков начин можат да ја загрозат!

Posted by Donka Bardzieva Trajkovska on Wednesday, June 3, 2020

 

Покрај Барџиева- Трајковска, разрешени се и Елеонора Новаковска и проф. д-р Сашо Коруновски. На нивно место доаѓаат д-р Јулија Тричковска, Горан Патчев и Ана Петровска.

Решението е донесено на 26-ти мај 2020 година, а потпишано од страна на претседателот на македонската Влада Оливер Спасовски.

Согласно Законот за управување на Охридскиот регион од 2010 година, врз основа на кој е формирана оваа Комисија, Министерството за култура и Министерството за животна средина, заедно со Управата за заштита на културното наследство и Управата за заштита на природата, имаат посебна одговорност за досегашните но и за идните активности поврзани со овој регион, почнувајќи од легислативата па сè до нивното спроведување во практика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.