Во понеделник, оперската куќа во Барселона, која е затворена изминатите три месеци, треба да се отвори со необичен концерт.

Додека „Хризантеми“ на Џакомо Пучини, ќе биде пренесуван на веб-страницата на оперската куќа Лисе, самата претстава ќе биде изведена пред 2.292 растенија.

Уметникот зад претставата, Евгенио Ампудија, го објаснува своето размислување:

Во време кога значаен дел од човештвото е ограничено на ограничени простори и беше принудено да се одрекне од подвижноста, природата напредуваше да ги окупира просторите што и ги земавме, изјави Ампудија.

Ратенијата кои ќе бидат публика потоа ќе бидат доставени до 2.292 здравствени работници, придружени со потврда од уметникот, како благодарност за нивната работа за време на кризата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.