Првиот тираж на книгата на д-р Никола Груевски, „Искуства за иднината“ во издание на „Ѓурѓа“, е распродаден. Со оглед на големиот интерес што тој наслов го предизвика меѓу најшироката читателска публика, издавачот подготвил дополнително издание.

Бидејќи „Ѓурѓа“ нема своја книжарница, ќе ги замолиме колегите кои имаат книжарници, да го преземат дополнителниот тираж и книгата да им ја понудат на читателите. За тоа како и каде ќе може да се набави книгата, ќе ве известиме најдоцна до утре, среда, 15 мај 2019, вели Никола Котески од издавачката куќа „Ѓурѓа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.