Распишан е првиот Конкурс за краток расказ за млади автори „Тврдоглави“. На конкурсот со по еден расказ можат да учествуваат автори на возраст од 16 до 25 години. Расказот треба да биде необјавен, напишан на македонски јазик и да не надминува 10.000 карактери.

Конкурсот е отворен до 31 декември 2022 година, а расказите се испраќаат под шифра на електронската адреса [email protected]

Тричлената жири-комисија, која ќе биде составена од еминентни писатели, критичари и професори, ќе додели три награди, и тоа прва награда во вредност од 60.000 денари, втора награда од 20.000 денари и трета награда од 10.000 денари.

Резултатите на конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 25 јануари 2023 година, а врачувањето на наградите ќе биде на 31 јануари 2023 година.

Трите првопласирани раскази ќе бидат објавени во посебна публикација.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.