Општина Велес денеска го распиша конкурсот за собирање на предлози за добитник на традиционалната актерската награда за животно дело „Петре Прличко“.

Како што информираат од Општината, предлог за добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност од земјава.

Предлозите за добитник треба да се професионални драмски актери македонски државјани.

Тие појаснуваат дека предлозите со кои актерите се предлагаат себе си нема да се земат предвид за доделување на наградата.

Предлозите може да се достават во архивата на Општина Велес или преку пошта на адреса „Панко Брашнар” бр.1, 1400 Велес, со назнака за „Комисија за доделување Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“ најдоцна до 20 април годинава.

На конкурсот се доделува една награда и таа не е делива.

Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел. Изборот на добитник го врши стручна комисија од три члена.

-Комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот најдоцна пет дена по истекот на рокот, информираат од Општина Велес.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.