Расказот „Пура во Осака“, под шифрата „Архина“, е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2021 година, која Општина Охрид ја доделува по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.
По распишаниот конкурс на Општина Охрид за најдобар расказ биле пристигнати 47 раскази.
Жирито во состав проф. д-р Димитар Пандев, претседател, проф. Славе Ѓорѓо-Димоски, член, и Тоде Илиески, член, издвои десет раскази во поширок и три раскази во потесен избор.
На работниот состанок, одржан на 6 август, едногласно било одлучено наградата „Живко Чинго“ за 2021 година да му припадне на расказот „Пура во Осака“, под шифрата „Архина“.
Расказот „Пура во Осака“ е осмислен како продолжен суптилен дијалог во кој се актуализираат современите предизвици на македонскиот јазик
Авторот на расказот со четвртиот примерок најдоцна до 11 август година треба да дојде во просториите на Општина Охрид и да го докаже своето авторство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.